Иран го нападна Кувајт, убиени двајца Италијанци

И покрај намерите за конечен договор за примирје, Иран продолжува да гаѓа воени цели во соседните земји.

Двајца италијански државјани биле убиени во иранскиот напад врз Кувајт.

Тие бле техничари од „Рајнметал Италија“, а според изјавата на портпаролот на одбраната на Обединетите Арапски Емирати, тие беа убиени од „остатоци од беспилотно летало соборени за време на одбивањето на напад врз клучна инфраструктура“, објави „ Ла Република“ .

Се верува дека загинатите техничари биле дел од контингент војници и цивили распоредени во регионот од март. Мисијата има за цел да ги заштити земјите од Заливот од иранска одмазда и да обезбеди снабдување со енергија на Италија.

Батеријата за противвоздушна одбрана „Рајнметал Скајнекс“ е исто така стационирана во Кувајт. Овој систем се смета за најдобро оружје за одбрана од напади со беспилотни летала.


И покрај намерите за конечен договор за примирје, Иран продолжува да гаѓа воени цели во соседните земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс