Амфитетатар Гостивар

Изложба на дела од Дона Илијевска, Госи ЕТЦ. и Партизанска штампа во склоп на „Културен импулс“

„Културен импулс“ се случува во организација на Дона Илијевска, како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracy

Во сабота со почеток од 19:00 во склоп на „Културен импулс“ што ќе се оддржи на Амфитеатарот во Гостивар, се отвара изложбата на дела од Дона Илијевска, Госи ЕТЦ. и Партизанска штампа.

Дона Илијевска е графички дизајнер што пробува тие способности да ги собере, да ги згмечи, да напарви манџа и да истите ги преточи во некој вид на удопство за очи. Фотомонтажите се начин на кој Госи ЕТЦ. се обидува да ја претстави стварноста која не опкружува, необременета од стегите на просторот и времето, на еден нетипичен разигран начин.

Изложба на плакати во сито графика печатени за различни културни настани во лабораторијата на Партизанска штампа. Од подрумските соби на Љуба Ивановиќ во таканареченото “Кабаре” каде беше направен првиот плакат во три бои, преку третата соба на Орце Николов до сегашната “База”, колективот на Партизанска штампа деноноќно се труди да биде применет и присутен како поддршка на алтернативната култура односно на нејзината визуелна комуникација со публиката. Ќе бидат изложени плакати од изложби, филмови, концерти и акции печатени во периодот од 2015 до денес.

„Културен импулс“ се случува во организација на Дона Илијевска, како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracy

Најново

Последни колумни