Проектот „Избери Уметност“ има за цел да ја промовира уметноста како средство за развој на инклузивно општество, каде лицата со попреченост имаат еднакви можности за изразување. Преку оваа инклузивна сликарска школа, учесниците на проектот докажуваат дека уметноста е универзален јазик кој обединува и инспирира.
Посебен акцент на настанот ќе биде аукцијата на изложените дела, која има хуманитарен карактер. Средствата собрани преку аукцијата ќе бидат наменети за реализација на културен камп за учесниците во проектот, со што се поддржува развојот на инклузијата во културата и уметноста.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.