Search

Избран е прв претседавач на Националното студентско тело

На 27.4.2024 се одржа 2. седница на Националното студентско тело каде за претседавач на телото беше избран Александар Николовски, претседателот на Универзитетското собрание на УКИМ, од присутните претседатели на студентски собранија на универзитетите: Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет на Југоисточна Европа, Американски Универзитет во Европа ФОН и Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Националното студентско тело има за цел да претставува највисока форма на обединување на универзитетските студентски собранија во државата кое ги застапува студентите.

На седницата беше претставена и кандидатурата за претседавач со предлог акциски план која ќе стане дел од програмата за работа на ова тело. 

Најново

Последни колумни