Сопствениците на пловни објекти кајчиња и слични средства, се задолжуваат во најкраток рок да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“. Од локалните власти предупредуваат дека, доколку ова не се спроведе навреме, општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за нивно отстранување, при што трошоците ќе паднат на товар на сопствениците.
Мерката е донесена во рамки на тековно одржување и уредување на крајбрежјето, со цел подготовка за претстојната летна туристичка сезона.
Фокусот е на: расчистување на крајбрежниот појас, уредување на јавните површини и подобрување на безбедноста и пристапноста за туристите. Сопствениците се повикани да постапат во најкус можен рок. Доколку тоа не се случи, општинските служби ќе интервенираат со присилно отстранување на објектите.
Со оваа мерка, локалната самоуправа во Охрид најавува засилено уредување на крајбрежјето пред почетокот на летната сезон