Пред почетокот на летната туристичка сезона, грчките власти воведуваат мерки за побрзо и поефикасно преминување на граничниот премин Евзони, кој е меѓу најфреквентните за туристите од Македонија и регионот. Во рамки на проектот ќе се прошири постојната инфраструктура со нови сообраќајни ленти и модуларни контролни пунктови, со што се очекува значително намалување на времето на чекање и подобар проток на возила во периодот на најголема фреквенција.
Грчките власти веруваат дека зголемениот број контролни ленти ќе помогне да се избегнат долгите колони кои традиционално се создаваат во екот на летната сезона. Во меѓувреме, возачите што патуваат кон грчките туристички центри треба да бидат внимателни и на автопатот низ Македонија, каде неодамна беа поставени пет нови камери за мерење брзина на најфреквентната делница кон Евзони.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината за да избегнат непријатни изненадувања и дополнителни трошоци за време на одморот.