„Кармина Бурана“ во Скопје: 240 музичари од Грција, Македонија и Бугарија на голем бесплатен концерт во Градскиот парк

На 20 јуни во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи бесплатен концерт на „Кармина Бурана“ со околу 240 музичари од Грција, Македонија и Бугарија, под диригентство на Најден Тодоров.

Во сабота, на 20 јуни, со почеток во 21:00 часот, Градскиот парк во Скопје ќе биде сцена на голем музички спектакл изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Овој отворен концерт ги обединува Симфонискиот оркестар на Солун, Филхармонијата на Република Македонија и Софиската филхармонија, кои заедно ќе настапат со речиси 240 музичари и уметници од регионот.

Под диригентство на Најден Тодоров, на сцената ќе настапат и солистите Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), како и Хорот на Музичкото училиште од Солун и детскиот хор „Пиколо“. Концертот ќе се одржи на отворено, во Градскиот парк спроти Националната арена „Тодор Проески“, а влезот е бесплатен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс