Студентите во блокада ги поканија сите граѓани да дојдат на голема прослава на плоштадот Славија вечерва во 19 часот, по повод убедливата победа на Студентската листа на вонредните парламентарни избори во Србија.
Почетокот на славјето е најавен за 19 часот на градскиот плоштад, инаку местото каде што синоќа се одржа голема прослава, како и некои од најголемите студентски собири во претходните две години.
„Нека пее оваа Славија, нека се сврти оро! Се гледаме вечерва“, напишаа студентите во блокад на својот официјален профил.
Инаку „Славија“ и кружниот ток таму станаа симбол на студентското движење кое две години бара правда за падот на настрешницата и кое се бореше против режимот.
Вчера, круна на таа борба беше убедливата победа на Студентската листа на вонредните парламентарни избори.
