Во Франција запленети 68 килограми кокаин во камион со македонски возач

Дрогата била пронајдена на наплатната станица Фонтен, по оперативни информации што македонското МВР ги доставило до француските органи преку Европол

На наплатната станица Фонтен во Франција биле запленети 68 килограми кокаин во товарно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44), соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, заплената следувала по размена на оперативни информации меѓу македонската и француската полиција.

Заплена на кокаин по информации доставени преку Европол

Информациите ги обезбедила Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција. Преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол, тие биле доставени до надлежните француски органи.

Од МВР наведоа дека ова е втора меѓународна акција во период од еден месец. Претходната соработка со грчката полиција резултирала со заплена на 324 килограми марихуана.


Во соопштението не се наведени детали за понатамошната постапка против возачот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс