Италија го претстави „волшебниот божиќен воз“ што ќе ги поврзе најубавите саеми во Европа

Италија оваа зима ќе ја донесе божиќната магија на шини – со новиот „Божиќен експрес Монако“ (Espresso Monaco), специјален ноќен воз што ќе минува низ три европски земји и ќе ги поврзува најубавите божиќни саеми во Рим, Инсбрук и Минхен.

Создаден за да ја долови топлината и шармот на празничниот дух, возот нуди очарователно патување низ најживописните предели на Европа – од сончевиот Рим, преку романтичните градови на северна Италија, па сè до снежните алпски врвови и бајковитиот Минхен.

Божиќна авантура на шини

Возот ќе тргнува од римската станица Термини на 5 и 12 декември во 19:57 часот, а во Минхен ќе пристигнува наредниот ден во 13:00 часот. На пат кон Германија, ќе застанува во Верона, Тренто, Болцано, Бресаноне и Фортеца, минувајќи низ спектакуларните предели на Австрија и Алпите.

Во секоја кабина патниците ќе најдат мали празнични подароци, а целиот воз ќе биде украсен со божиќни светилки, венци и тематска музика. На располагање ќе има и бар и ресторан со празнична атмосфера, каде што патниците ќе можат да уживаат во топло вино, италијански деликатеси и друштво на други патници.

Комфор, одржливост и празнична магија

Патувањето трае 17 часа, а возот нуди луксузни еднокреветни, двокреветни и семејни кабини за до шест лица. Тргнувањата од Минхен кон Рим се закажани за 7 и 14 декември во 13:40 часот, со пристигнување во Рим следното утро.

Со „Espresso Monaco“, Италија промовира одржлив и романтичен начин на патување – без аеродромски гужви и зимски сообраќајни стресови, но со целосно уживање во празничниот дух и европската традиција на божиќните саеми.

Повеќе информации за возот, распоредите и билетите се достапни на службената веб-страница на FS Treni Turistici Italiani.

Извор: Putnikofer.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни