Иранската гарда тврди дека два танкера се запалиле по удар во морски мини во Ормускиот Теснец

Иранската револуционерна гарда соопшти дека два нафтени танкера експлодирале и се запалиле откако наишле на морски мини додека пловеле по рута што не била одобрена од иранските сили. Во меѓувреме, Израел повторно се заканува со воена акција против Иран, а тензиите се шират и во други делови на Блискиот Исток.

Кризата на Блискиот Исток дополнително се продлабочува по информациите дека два нафтени танкера експлодирале и се запалиле во Ормускиот Теснец, откако наводно налетале на морски мини. Ова го соопшти морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), а информацијата ја пренесе иранската државна телевизија ИРИБ. Според соопштението, танкерите се обидувале да поминат низ теснецот по поморска рута што не била одобрена од ИРГЦ. Иранската страна тврди дека пловилата се движеле тајно, со исклучени навигациски и системи за позиционирање, а експлозиите се случиле во близина на јужниот, односно источниот брег на теснецот.

Првично, ИРГЦ соопшти дека еден танкер налетал на мина и се запалил, по што два други танкера што пловеле во негова близина биле принудени да се вратат во Персискиот Залив. Во подоцнежното соопштение се наведува дека и втор танкер експлодирал и се запалил. Засега во доставените информации нема независна потврда за овие тврдења.

Израел тврди дека Иран развива хемиско оружје

Паралелно со случувањата во Ормускиот Теснец, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Иран е во процес на развој на хемиско оружје и дека израелската војска е подготвена за напад врз земјата. Кац рече дека Иран не го активирал повторно својот нуклеарен програм по израелско-американските напади врз клучни локации во јуни 2025 година, но дека постојат индиции оти се обидува да го обнови. Тој предупреди дека Израел нема да дозволи Иран да дојде до хемиско оружје.

„Кога ќе заклучиме дека мораме да дејствуваме, ќе дејствуваме. Тоа нема да произлезе од политички причини“, изјави Кац, пренесе „Тајмс оф Израел“.


Израелскиот министер предупреди и на можноста од ненадеен ирански напад врз Израел. Според неговите изјави, израелските одбранбени сили и американската Централна команда се подготвуваат за можна заедничка воена операција,

е-Трн да боцка во твојот инбокс