Додека Трамп е на пауза, Иран прогласи победа во Ормускиот теснец

Иранските медиуми тврдат дека паузирањето на американската операција во Ормускиот теснец е знак за неуспех на стратегијата на САД во регионот.

Иранските медиуми ја претставија одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ја паузира операцијата „Проект слобода“ во Ормускиот теснец како победа на Техеран и неуспех на американската стратегија во регионот.

Иранските власти засега немаат официјална реакција, но државните и полудржавните медиуми веќе ја толкуваат паузата како знак дека Вашингтон се повлекува под притисок. Операцијата беше најавена како обид на САД да обезбедат движење на бродови низ Ормускиот теснец, еден од најважните поморски правци за светската трговија со енергенси.

Агенцијата Тасним објави дека Трамп се обидува да го „прикрие неуспехот“ на операцијата, додека ИРНА ја опиша одлуката како пораз на Америка и како последна карта на американскиот претседател. Слично известуваат и други ирански медиуми, кои паузата ја претставуваат како повлекување на САД од проектот.

Трамп, пак, соопшти дека „Проект слобода“ ќе биде паузиран на краток период поради, како што наведе, напредок во разговорите за можен договор со Иран. Тој истовремено нагласи дека американската блокада останува во сила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни