Американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок со најблиските соработници во Ситуациската соба во Белата куќа, поради новата ескалација на кризата околу Ормускиот теснец. Трамп предупреди дека САД можеби нема да го продолжат примирјето со Иран доколку преговорите пропаднат, додавајќи дека Вашингтон е подготвен да го обезбеди иранскиот нуклеарен материјал „на многу понепријателски начин“ ако не се постигне договор за негово мирно пренесување.
Иран: Теснецот останува затворен
Од Иранската револуционерна гарда соопштија дека Ормускиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ја укинат блокадата на иранските пристаништа. Воедно, предупредија дека сите бродови кои ќе се приближат кон теснецот може да бидат третирани како непријателски цели, што дополнително ја зголемува тензијата и ризикот за глобалниот поморски сообраќај.
Според ирански извори, приоритет ќе имаат бродовите што ќе платат за премин низ теснецот – потег што би можел дополнително да ги наруши меѓународните трговски правила.
Расте ризикот од нова ескалација
Американски официјални лица предупредуваат дека, доколку наскоро не се постигне напредок во преговорите, постои реална можност конфликтот повторно да ескалира. Во меѓувреме, Хезболах постави услови за долгорочно примирје со Израел, додека францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има индикации за вмешаност на групата во напад врз мировници на Обединетите нации во Либан, при што загина еден француски војникнати се два брода под индиско знаме при обид да поминат низ теснецот, а проектил погодил товарен брод североисточно од Оман.
Според информации на американски медиуми, војската на САД се подготвува за можни операции поврзани со ирански бродови.
Ормускиот теснец е една од најважните светски поморски рути – низ него минува околу 20% од глобалната трговија со нафта и течен природен гас. Неговото затворање веќе предизвика сериозни потреси на енергетските пазари, со проценета загуба од над 50 милијарди долари од почетокот на конфликтот.