Првата работа на која многумина мислат при спомнување на Нова година е украсувањето на елката и подароците што ќе се најдат под неа.
Новогодишната елка е всушност божикна елка. Во некои земји каде прво доаѓа Нова година, а потоа Божик, се вика новогодишна поради тоа што овој празник е прв на календарот. А, прв е бидејќи за верските празници се користи стариот календар. Затоа и во различни земји има различно име. Освен во Македонија, новогодипшна елка се вика и во Србија, но на пример во Русија се вика рождественская ёлка, иако и таму прво е Нова година, а потоа Божик. Во Хрватска се вика božićna jelka, во Грција е δέντρο των Χριστουγέννων (Христово дрво), во Бугарија е коледна елха, а во Албанија е Krishtlindjeve. Секако, најпознато е англиското име Christmas tree.
Божикните подароци се тесно поврзани со христијанскиот настан на раѓањето на Исус, денот на кој Исус примил подароци од Светите тројца кралеви, а кој денес се слави како Божик.

За разлика од традицијата на божикно дарување, која е јасно преземена од Библијата, разбирањето зошто ја украсуваме елката останува нејасно до ден-денес. Постојат неколку теории и митови за тоа кога и како започнал овој обичај и зошто е усвоен од Католичката црква како дел од прославата на раѓањето на Исус.
Иако не постои директна врска помеѓу елката и христијанството, елката, поточно борот, всушност ја претставува врската помеѓу Бога и човекот, а со нејзиното украсување верниците му оддаваат почит на Бога, што често се смета за усвоена паганска традиција на украсување и обожување на зимзелени дрвја за време на зимската краткоденица.
Исто така, дрвото ја претставува човечката минливост. Луѓето и дрвјата пуштаат корени и се издигнуваат во воздухот, но човечкиот живот, исто како дрвото, е минлив. Христијанството го прифатило борот затоа што зимзелените дрвја се поправи и со тоа симболиката е поголема. Сепак, оваа теорија всушност не објаснува зошто борот се кити.
Се верува дека украсувањето на елката го започнале лутераните во Германија во XVI век, а потоа обичајот се проширил и во остатокот од светот.
Иако во почетокот дрвото било украсувано со овошје и хартија, со текот на времето украсите се промениле, а со доаѓањето на консумеризмот, важноста на богато украсената елка доби поголеми размери и ги доби симпатиите на следбениците и во нехристијанските земји.
Иако многу верници ширум светот практикуваат украсување борови дрвја како неизбежен обичај за Бадник, сепак татковината на оваа божикна традиција не е позната.
Една од легендите раскажува за англиски проповедник кој дошол во Германија во VII век да го проповеда и објави Евангелието. Со цел на најдобар начин да го протолкува единството на Света Троица, тој употребил триаголна форма на северна бела ела која ја симболизирала Троица. Обратените незнабошци го обожавале тоа дрво, а дотогаш верувале дека тоа е некој вид даб.
Друга легенда вели дека самиот Мартин Лутер ја украсил елката на почетокот на XVI век со свеќи, додека во средниот век во некои делови на Европа постоел обичај да се поставува претстава за рајот во црквите за време на Божик, за време на која на стеблото се беселе јаболка како симбол на спознанието на доброто и злото според библиската приказна за Адам и Ева.
Извор: klix.ba