Милијардерот Илон Маск предизвика бран реакции на својата социјална мрежа Икс откако објави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер бил „левичарски социјалист“. Иако Маск не понуди аргументи за своето тврдење, неговиот став директно ги занемарува научните факти кои нацизмот го дефинираат како екстремно десничарска идеологија.
Маск реагираше на кориснички профил на социјалната мрежа Икс, каде што се тврдеше дека Хитлер застапувал колективизам, силна држава и политика на идентитети. Сопственикот на „СпејсИкс“ се согласи со оваа теза, пишувајќи дека Хитлер бил левичарски социјалист. Ниту Маск, ниту авторот на првичната објава не приложија историски извори или документи кои би ги поткрепиле ваквите наводи.
Hitler was a left-wing socialist https://t.co/fmyD3fMGkD
— Elon Musk (@elonmusk) August 8, 2026
Оваа изјава е во директна спротивност со воспоставениот научен консензус. Академската заедница и релевантните историски енциклопедии го дефинираат нацизмот како фашистичка и ултранационалистичка идеологија на екстремната десница.
Иако Националсоцијалистичката партија го содржеше зборот „социјалистичка“ во своето име, Хитлер во раните години од владеењето ги ликвидираше социјалистичките струи во сопствените редови, ги забрани синдикатите и ги прогонуваше левичарите.