Хрватската авторка Јасна Жмак е добитник на Гран при наградата на годинешното 58. издание на БИТЕФ

Фестивалот се одржуваше од 25 септември до 4 октомври под слоганот „Убавината (не) ќе го спаси светот“.

Хрватската авторка Јасна Жмак ја доби Гран при наградата „Мира Траиловиќ на годинешното 58. издание на Белградскиот интернационален театарски фестивал (БИТЕФ) за претставата „Ова е мојата вистина, кажи ми ја твојата.“

Фестивалот се одржуваше од 25 септември до 4 октомври под слоганот „Убавината (не) ќе го спаси светот“.

„Ова е автентична, прецизно артикулирана, повеќеслојна изведна во форма на предавање-перформанс во кој авторката зборува за традиционалните патријархални и капиталистички ограничувања во практикувањето на изведувачките уметности. Бевме воодушевени од спојот на нежност, дарежливост и искреност, а особено сакавме да ја истакнеме и поддржиме кревкоста и неуништливата содржина на оваа претстава“, се вели во одлуката на жирито во состав на француската режисерка Марин Ман, актерките Јелена Ступљанин и Тијана Лазовиќ, драматургот и писател Димитрије Коканов и новинарката и критичарка Наташа Трипни.

Специјалната награда „Јован Ќирилов“ ја поделија претставите „Сексуална едукација ||: Борба“ и „Трилогија моќта на кучката – Поглавје: Невеста и добра ноќ, Пепелашке“.

„Сексуална едукација: Борба“ во режија на Тјаша Чрингој се потпира на нашето заедничко минато со цел да истражи како абортусот влегол во уставот на Југославија и тоа го поврзува со денешното време кога на жените во многу земји повторно им е одземено тоа право. Такви претстави ни се неопходни, затоа што сексуалното образование во нашето општество речиси и да не постои“, наведуваат од жирито.

Втората специјална награда ја доби Каролина Бјанка и бразилската компанија Кара де Кавало за „Трилогија моќта на кучката Поглавје: Невеста и добра ноќ, Пепелашке“, а во образолжението на жирито пишува: „Имресионирани сме од веродостојноста на изведбата на Бјанка, сложеноста на текстот и начинот на кој ова дело ја отфрла катарзата, за што и одлучивме да ја доделиме специјалната награда на оваа претстава“.

Режисерот Мило Рау е добитник на годинешната награда за најдобра режија што ја доделува културната рубрика на српскиот весник „Политика“. Рау инаку важи за највлијателен, најконтроверзен, најамбициозен уметник на нашето време за претставата „Антигона во Амазон“.

Наградата од публиката ја освои „Сексуална едукација Борба“. На второ место се најде „Антигона во Амазон“, а на трето „Хекаба, не Хекаба“.

Главната програма на 58. БИТЕФ ја сочинуваа десет претстави од Германија, Фрнација, Швајцарија, Боливија, Бразил, Холандија, Белгија, Словенија, Хрватска и Србија.

Селекцијата ја направија Никита Миливојевиќ, Тијана Грумиќ и Ксенија Ѓуровиќ. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс