Овие намирници не треба да ги чувате во фрижидер подолго од два дена

Стручњаците предупредуваат дека некои намирници можат да станат небезбедни и по само два дена во фрижидер.

Некои јадења и намирници можат да станат ризични за консумирање иако се чуваат во фрижидер. Стручњаците предупредуваат дека ниската температура го забавува, но не го запира целосно развојот на бактериите.

Фрижидерот не е гаранција дека храната ќе остане безбедна неограничено време. Особено внимание треба да се посвети на недоволно термички обработеното месо, салатите, варениот ориз и тестенините.

Недоволно печеното месо и морските плодови можат да содржат бактерии како салмонела, листерија и ешерихија коли. Доколку остатоците стоеле подолго време на собна температура, најбезбедно е да не се консумираат.

Подготвените салати и лиснатиот зеленчук исто така брзо го губат квалитетот. Влагата и хранливите материи што се ослободуваат при сечкањето создаваат услови за побрзо размножување на микроорганизмите.

Посебно внимание е потребно и кај варениот ориз и тестенините. Бактеријата Bacillus cereus може да преживее при готвењето, а доколку храната долго стои на собна температура, може да создаде токсини што предизвикуваат повраќање и дијареја.

И големите количини супи, сосови и чорби треба внимателно да се разладат. Доколку топлата храна бавно се лади во длабок сад, во нејзината внатрешност може подолго да се задржи температура погодна за развој на бактерии.

Затоа, остатоците од храната треба што побрзо да се разладат и да се чуваат правилно. Ако постои сомнеж колку долго стоеле или дали се безбедни за јадење, подобро е да не се ризикува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс