На пораките со честитки за нејзиниот роденден легендарната пејачка се огласи од болничка соба и истакна дека не ѝ е дос славење.
„Јас сум во болница. Жал ми е, не сум во состојба да објаснувам што се случи. Паднав и многу се повредив“ рекла Тереза Кесовија за Нет.хр.
Хрватските медиуми, сепак, објавуваат дека таа не е хоспитализирана поради падот. Кесовија и претходно имала здравствени проблеми. Минатата година, во август, исто така заврши во болница откако преживеа инфаркт.
„Тереза веќе неколку дена има висока температура, која како и сите нас ја ослабна. Затоа пред некој ден нестабилна на нозе падна и прилично се удри, а не ја однесовме во болница поради падот, туку поради температурата по прегледот. Лекарите констатирале дека температурата е поради тешко воспаление, а најважно е што сега Тереза е во најдобри можни раце, дека пие антибиотици и други лекови, и дека сите се надеваме дека наскоро ќе и биде подобро. Што се однесува до нејзиниот роденден, кога ќе закрепне и ќе излезе од болница, ќе има време за славење“, изјави за Јутарњи.хр најдобрата пријателка на Тереза Кесовија.