Холандија сака мигрантски центри надвор од Европската Унија, првиот наскоро ќе биде отворен

Холандија ги забрзува плановите за отворање центри за враќање мигранти надвор од Европската Унија, а првиот центар би можел да почне со работа во наредните месеци.
Epaimages

Холандија ги забрзува плановите за воспоставување центри за враќање мигранти надвор од Европската Унија, а првите конкретни чекори се очекуваат веќе во следните месеци, пишува Politico, повикувајќи се на холандскиот министер за миграција.

„Граѓаните низ Холандија сака мигрантски центри надвор од Европската Унија, првиот наскоро ќе биде отворен

Тој додаде дека таквите решенија „добиваат конкретна форма“ и дека се сметаат за правно одржливи.

Барателите на азил би се испраќале надвор од ЕУ

Според предлогот, барателите на азил чии барања ќе бидат одбиени во Европската Унија би биле префрлани во специјални центри надвор од територијата на Унијата, со цел намалување на илегалната миграција и поефикасно спроведување на депортациите.

Холандската влада во писмо до парламентот навела дека ја разгледува можноста барањата за азил да се обработуваат надвор од Европската Унија, во соработка со други земји членки.

Според Politico, планот се разгледува со неколку европски партнери, меѓу кои Грција, Германија, Австрија и Данска, кои во последните години се залагаат за построга миграциска политика.

Локацијата сè уште не е позната

Првиот центар за враќање мигранти би требало да биде отворен надвор од Европската Унија, но локацијата засега не е објавена. Преговорите со потенцијалните земји-домаќини сè уште траат. Правната анализа нарачана од холандската влада заклучила дека не постојат правни пречки за спроведување на планот.

Предлогот доаѓа во време кога Европската Унија ја финализира пошироката реформа на миграцискиот систем, додека во земјите членки продолжуваат политичките дебати за миграциската политика и безбедноста на границите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс