Хезболах со пет услови за мир: Бара повлекување на Израел и целосен прекин на нападите

Дополнително, Хезболах инсистира на обнова на земјата со поддршка од меѓународната заедница, но со јасна одговорност на либанските институции

Лидерот на Хезболах, Наим Касем, ги изнесе петте клучни услови кои, според организацијата, се неопходни за постигнување долгорочно примирје со Израел, по актуелната десетдневна пауза во борбите со Либан.

Во обраќање пренесено од локални медиуми, Касем истакна дека секој иден мировен договор мора да се темели на целосен и траен прекин на непријателствата – на копно, во воздух и на море. Меѓу главните барања се и повлекување на израелските сили од спорните територии до меѓународно признатите граници, ослободување на затвореници, како и враќање на населението во пограничните области.

Дополнително, Хезболах инсистира на обнова на земјата со поддршка од меѓународната заедница, но со јасна одговорност на либанските институции. Касем нагласи дека организацијата е подготвена за „највисоко ниво на соработка“ со властите во Либан, со цел отворање ново поглавје по конфликтот.

Сепак, тој остро го критикуваше документот за примирје објавен од U.S. Department of State, оценувајќи дека „нема практична вредност“ и претставува навреда за Либан, иако формално бил поддржан од двете страни.

„Примирјето не смее да биде еднострано. Двете страни мора да го почитуваат за да има реален ефект“, порача Касем, додавајќи дека борците на Хезболах ќе останат на терен и ќе одговорат на секое прекршување.

Овие услови доаѓаат во чувствителен момент, кога меѓународните посредници се обидуваат да го искористат краткиот прекин на огнот како основа за поширок мировен договор на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни