ХБО Макс откри што пристигнува до крајот на годината, најмногу внимание привлече „Хари Потер“

ХБО Макс објави нов најавен видеоматеријал со дел од програмата за втората половина од годината, а најголемо внимание кај публиката привлекоа првите кадри од долго најавуваната серија за „Хари Потер“.

Во видеото се прикажани и сцени од новите сезони на неколку популарни серии, меѓу кои „Позлатеното доба“, „Куќата на змејот“ и „Хард Нокс“, како и нови проекти што треба да пристигнат во текот на летото и есента.

Пристигнуваат нови сезони на популарни серии

Третата сезона на „Куќата на змејот“ почнува да се прикажува на 21 јуни, додека серијата „Лантернс“ пристигнува на 16 август.

На 26 јуни на платформата доаѓа „Лајф, Лери енд д пурсуит оф анхепинес“, а на 23 јули премиерно ќе биде прикажана серијата „Стјуарт фејлс ту сејв д јуниверс“.

Во август се враќа и документарната спортска серија „Хард Нокс“, која годинава ќе го следи НФЛ тимот „Сиетл Сихокс“.

Меѓу насловите што предизвикаа најголем интерес е и серијата „Хари Потер и Каменот на мудроста“, чија премиера е најавена за 25 декември.

Потврдена и нова сезона на „Позлатеното доба“

Во најавниот видеоматеријал се појавија и првите кадри од четвртата сезона на серијата „Позлатеното доба“. ХБО ја потврди новата сезона уште минатата година, по добрата гледаност на третата сезона.

Од ХБО тогаш порачаа дека планираат да продолжат со развивање на приказната сместена во Њујорк во 1880-тите години, следејќи ги понатамошните судири, амбиции и односи меѓу главните ликови.

Во текот на 2026 година на ХБО Макс треба да пристигнат и нови сезони на емисијата „Конан О’Брајан маст го“, како и премиерите на сериите „Монстерс оф Год“, „Д мен вил брн“, „Вор“ и „Јут“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс