Хаос во авиосообраќајот: Откажани 13.000 летови низ светот поради недостиг на гориво

Според податоците на компанијата за аналитика во авио-индустријата „Cirium“, превозниците во последните две недели од април веќе избришале речиси два милиони седишта од мајскиот ред на летање. Вкупниот број достапни места на глобално ниво паднал од 132 милиони на 130 милиони.

Авиокомпании ширум светот откажаа илјадници летови планирани за мај и значително ги намалија капацитетите поради сè поизразениот недостиг на авионско гориво. Ваквиот развој на настаните сериозно ги загрозува плановите за патувања за претстојните пролетни празници и училишни распусти низ Европа.

Според податоците на компанијата за аналитика во авио-индустријата „Cirium“, превозниците во последните две недели од април веќе избришале речиси два милиони седишта од мајскиот ред на летање. Вкупниот број достапни места на глобално ниво паднал од 132 милиони на 130 милиони.

Откажувањето на околу 13.000 летови директно ќе ги погоди патниците кои резервирале одмори кон крајот на мај, а меѓу најпогодените европски компании се Lufthansa, Turkish Airlines, British Airways и KLM.

Експертите предупредуваат дека бројката од два милиони седишта не го опфаќа она што би можело да стане целосно нарушена летна сезона.

Покрај откажувањата, многу авиопревозници преминуваат на помали типови авиони за да заштедат гориво, чиј недостиг е директно поврзан со конфликтот во Иран. Од почетокот на судирите во февруари, цената на керозинот е повеќе од двојно зголемена, делумно поради затворањето на Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската понуда на нафта.

Lufthansa меѓу најпогодените

Lufthansa е една од најпогодените компании, веќе повлекла околу 20.000 кратки линии од летниот ред на летање. На глобално ниво, авиокомпаниите реагираат на три начини ги зголемуваат цените на билетите на најпопуларните линии, целосно ги укинуваат помалку профитабилните рути и користат помали авиони за да ја намалат потрошувачката на гориво.

Во УК, министерката за транспорт Хајди Александер најави привремено суспендирање на правилата за аеродромски слотови. Овие правила вообичаено ги обврзуваат компаниите да ги користат термините за полетување и слетување, во спротивно ризикуваат да ги изгубат во корист на конкуренцијата.

Мерката ќе им овозможи на оператори како British Airways да откажуваат летови без страв од санкции.

Патниците чии летови нема да бидат целосно откажани би можеле да се соочат со друга непријатност — префрлање на летови во други денови, што практично би значело пократки одмори од првично планираните. Како што се приближува летната сезона, ризикот од нови нарушувања останува висок сè додека не се нормализира снабдувањето со авионско гориво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни