Хаос на граница, за влез во Грција се чека неколку часа

На граничниот премин Богородица за излез од Македонија, како и на преминот Евзони за влез во Грција, се чека и по неколку часа
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Почетокот на летната сезона, но и новиот системза влез и излез во ЕУ, утрово создаде хаос на граничните премини кон Грција.

Според информации од патници, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија, како и на преминот Евзони за влез во Грција, се чека и по неколку часа.

Долги колони има на граничниот премин Дојран, каде што исто така се бележат значителни задржувања.

За разлика од овие два премини, на граничниот премин Меџитлија чекањето е пократко, па дел од патниците се одлучуваат токму за оваа рута за влез во Грција.

Најголемиот дел од патниците се туристи кои заминуваат на одмор во грчките летувалишта, а засилената фреквенција на возила се очекува да продолжи и во текот на денот.

На возачите им се препорачува да планираат дополнително време за патување и да се информираат за состојбата на граничните премини пред поаѓање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс