Влезот во Грција од македонска страна на граничниот премин Евозни попладнево е целосно блокиран, а колоната се протега со километри, пишуваат граѓани на социјалните мрежи.
Освен што возилата не се движат дополнително влошување има и поради пеколните температури кои надминуваат 42°C.
Поради неподносливата ситуација, возачите и патниците и губат трпение, па постојано се слуша масовно свирење на сирени од речиси сите возила.
Сведоштвата за целосниот колапс и нервозата кај туристите брзо се проширија на социјалните мрежи. Видео од овој хаос е објавено на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, каде што јасно се гледа огромна колона автомобили што стојат во место, додека сирените на нервозните возачи ечат во позадина.