Халкбанк АД Скопје ја проширува понудата со нова услуга што ќе им овозможи на клиентите да инвестираат во хартии од вредност на странски пазари. Со ова, банката отвора пристап до глобални инвестициски можности преку домашна финансиска институција.
Новата услуга е наменета за клиенти кои сакаат поголема диверзификација на своето портфолио и пристап до локални, регионални и меѓународни пазари на капитал. Покрај тргувањето на Македонската берза, клиентите ќе можат да инвестираат и во акции на глобални компании, удели во ETF фондови и други финансиски инструменти достапни на меѓународните берзи.
Во понудата се вклучени и должнички хартии од вредност, како државни обврзници, корпоративни обврзници и еврообврзници, што им овозможува на инвеститорите да креираат портфолија според сопствените цели, профил на ризик и долгорочна инвестициска стратегија.
Тргувањето ќе биде достапно на повеќе развиени светски пазари, меѓу кои САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, Норвешка, Австрија, Шпанија, Полска, Чешка, Хрватска и Словенија.
Од банката посочуваат дека со оваа услуга продолжуваат да го развиваат својот финансиски екосистем, во време кога инвестирањето станува сè поважен дел од личното и корпоративното финансиско планирање. За повеќе информации, клиентите можат да се обратат во филијалите на Халкбанк или преку официјалната веб-страница на банката.