Германскиот супермодел Хајди Клум уште еднаш го привлече вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи сподели провокативна фотографија од летниот одмор. Позирајќи во топлес издание, прекриена само со крпа и во чипкана долна облека, германската манекенка предизвика вистинска лавина од поделени реакции кај нејзините милионски следачи, каде што покрај комплиментите се појавија и критики за нејзиниот потег.
Со куса порака „Добро утро“ и неколку емотикони од сонце и палми, 53-годишната манекенка и телевизиска водителка го покажа својот опуштен утрински ритуал. Сепак, сликата брзо прерасна во главна тема за дискусија. Додека голем дел од фановите ја пофалија нејзината физичка форма и самодоверба, дел од публиката реагираше негативно, сметајќи дека ваквите објави се непотребни за нејзиниот статус.
Супермоделот веќе подолго време е позната по тоа што нема проблем со голотијата и отворено покажува дека одморот го поминува без непотребни ограничувања, често истакнувајќи дека ја мрази белината од сончање.
Сепак, последните објави повторно ги поделија мислењата на социјалните мрежи, помеѓу оние кои ја поддржуваат нејзината слобода на изразување и оние кои сметаат дека премногу го изложува приватниот живот на увид на јавноста.