Утрово во населбата Чукарица во Белград, се случило монструозно убиство кога М.П. (67), по жестока расправија, го убила својот сопруг З.П. (76).
Телото на мажот е пронајдено во станот во Чукарица од страна на екипи на полицјата, Брзата помош и пожарникарите, а неговата смрт е потврдена околу 7:30 часот наутро.
Се сомнева дека М.П. го убила својот сопруг забивајќи дрвен предмет во неговото срце. Наводно, како што тврдат медиумите, осомничената го убила со ногарка од стол.
Според сведоштвата на станарите, парот имал долгогодишни проблеми. Сопругот минатата година ја напуштил, но се вратил за да се грижи за неа. Соседите додаваат дека жената и претходно правела инциденти и дека еднаш била хоспитализирана поради психички проблеми.
Полицијата го блокирала пристапот до зградата, а истрагата е во тек.