Гринспен, поранешна потпретседателка на Костарика на чекор да стане генерален секретар на ООН

Во таканареченото „straw poll“ гласање, во кое учествуваа сите 15 членки на Советот за безбедност, Гринспен доби 10 гласа „охрабрување“, еден глас „не охрабрување“ и четири гласа „без мислење“

По вчерашното прво неформално гласање во Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспен, се издвојува како ран фаворит за нов генерален секретар на ОН.

Во таканареченото „straw poll“ гласање, во кое учествуваа сите 15 членки на Советот за безбедност, Гринспен доби 10 гласа „охрабрување“, еден глас „не охрабрување“ и четири гласа „без мислење“.

Зад неа е поранешната шефица на гвајанската дипломатија, Родригез-Биркет со девет, па Аргентинецот Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) со седум гласа.

За време на овие неформални гласања, што ќе ги има повеќе во наредните недели, членките на Советот за безбедност треба со тајно гласање да наведат за секој кандидат дали го „охрабруваат“, „не го охрабруваат“ или „немаат мислење“ за него.

Наследникот на Гутереш се соочува со задачата да ја ревитализира организацијата, која се соочува со криза и опаѓање на угледот, и која е под зголемен притисок да ја реформира гломазната и скапа бирократија и да го намали преклопувањето на одговорностите меѓу бројните агенции, пишуваат британските медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс