Популарната апликација за запознавање на ЛГБТИ+ лицата, Grindr воведе мерки за заштита на приватноста за да ги заштити спортистите кои ја користат нивната апликација за запознавање, пренесе NBC News.
Претходно некои корисници на Grindr на социјалните мрежи споделија дека користењето на апликацијата е блокирано во Олимпиското село, бидејќи не можеле да „истражуваат“ други корисници на таа локација. Од компанијата која стои зад Grindr потврдија дека го оневозможиле географското пребарување таму.
„Ако некој спортист нема јавно соопштено дека е ЛГБТИ+ и доаѓа од земја во која е опасно или нелегално да бидеш геј, користењето на Grindr може да го изложи на ризик“ велат тие.
Grindr функционира на тој начин што корисникот креира профил и врз основа на внесените преференции му се предложуваат други корисници со кои може да се допишува. Исто така, ја користи локацијата на секој корисник за да му покаже потенцијални партнери кои се блиску.