Search

Гренланд секој час губи 30 милиони тони мраз

Ново истражување покажува дека Гренланд губи речиси 30 милиони тони мраз поради климатските промени, што е 20% повеќе од она што досега се предвидуваше.

Научниците се загрижени дека овој дополнителен извор на слатка вода што се излева во северниот дел на Атлантикот може да значи колапс на океанските струи Amoc што би довело до тешки последици за човештвото.

Големата загуба на мраз од Гренланд како последица на глобалното затоплување се бележи веќе со децении. Техниките кои до ден денес се користат, како мерење на висината и тежината на ледената покривка, се добри за одредување на губењето на мразот кој завршува во океанот и го крева нивото на морињата.

Најновите информации од истражувањето кое ги споредува сите останати мерења на гренландскиот мраз откриле дека 221 милијарда тони се изгубени секоја година од 2003. Ако на тоа се додадат уште 43 милијарди тони во минатата година, пресметката вели дека Гренланд губи во просек по 3 милиони тони мраз на час.

Сепак, научниците сеуште не го знаат одговорот за повлекувањето на глечерите кои веќе лежат главно под нивото на морето во тесните фјордови околу островот. Во студијата, научниците анализираа сателитски фотографии за да ја одредат крајната позиција на многуте глечери на Гренланд секој месец од 1985 до 2022 година.

„Постои одредена загриженост дека секој мал извор на слатка вода може да послужи како „пресвртна точка“ што може да предизвика целосен колапс на Амок, нарушувајќи ги глобалните временски обрасци, екосистемите и глобалната безбедност на храната.“- велат научниците кои го спроведоа истражувањето.

Според нив, откривањето на дополнителната загуба на мраз е исто така важно за пресметување на енергетскиот дисбаланс на Земјата, односно колку дополнителна сончева топлина заробува Земјата поради емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. „Потребна е многу енергија за да се стопат 1 тони мраз. Значи, ако сакаме многу прецизни енергетски балансирани модели за Земјата, ова треба да се земе предвид“ – велат авторите на истражувањето.

Извор: https://www.theguardian.com/environment/2024/jan/17/greenland-losing-30m-tonnes-of-ice-an-hour-study-reveals

Најново

Последни колумни