Но полуостровот Пелопонез открива сосема поинаква страна на земјата во есенските месеци. Во репортаж на британскиот „Гардијан“ го претставува Пелопонез како дестинација што вреди да се истражува и надвор од главната туристичка сезона.
Патувањето води низ областите Месинија, Мани и Лаконија, меѓу традиционални села, антички локалитети, тивки плажи и крајбрежни градови.
Една од највпечатливите дестинации е Монемвасија, средновековен град сместен на карпа покрај морето. Неговите камени улици и старински градби создаваат атмосфера што потсетува на минатите векови.
Посебно внимание привлекува и полуостровот Мани, познат по камените кули, малите населби и драматичниот пејзаж.
На патеката се и историскиот град Мистра, крајбрежниот Гитио и Пилос, места во кои природата и историјата се преплетуваат.
Есента носи и поинакво туристичко искуство. Во споредба со шпицот на сезоната, дел од плажите и знаменитостите се значително помалку посетени.
За патниците кои повеќе уживаат во прошетки, локална храна и истражување на традиционални места отколку во летна гужва, Пелопонез може да биде идеален избор.
Оваа дестинација е потсетник дека Грција не завршува со последните денови од летната сезона.
