Во време кога старутваше новиот систем за влез и излез во ЕУ, Грција го избира својот курс за да избегне хаос на аеродромите каков што се случи на разни европски локации во изминатата недела.
Според новиот правилник секој патник од трета земја која не е членка на ЕУ, при влез во ЕУ задолжително треба да поднесе:
- Отпечатоци од прсти и биометрија на лицето при прва регистрација
- Една од тие биометриски податоци (скоро секогаш лицето) на последователните гранични премини
Овие правила важат за сите „државјани на трети земји“, вклучувајќи ги Австралијанците, Канаѓаните и Венецуелците, но, бројот на британски патници во Европа е поголем од сите нив заедно, пишува Индипендент.
Доцна во петокот, Елени Скарвели, директорка на Грчката национална туристичка организација во Велика Британија, откри дека носителите на британски пасоши сега се ослободени од биометриска регистрација на грчките гранични премини. Таа рече дека овој потег има за цел „да се обезбеди понежно и поефикасно искуство со пристигнување во Грција“.
Овој едностран потег, рече таа, „се очекува значително да го намали времето на чекање и да го олесни метежот на аеродромите“.
„Практично, ова значи дека процесот на влез што беше во сила пред имплементацијата на EES ќе остане непроменет“ додаде таа.