Луксузното патување не мора секогаш да значи и огромни трошоци. Според најновиот извештај на Hotels.com за цените на хотелите во 2026 година, патниците можат да уживаат во сместување со пет ѕвезди по значително пониски цени во неколку светски дестинации.
Анализата, изработена врз основа на податоци од повеќе од 11.000 патници и резервации направени преку платформата, покажува дека најповолна дестинација за луксузен одмор е Нха Транг во Виетнам. Таму просечната цена за ноќевање во хотел со пет ѕвезди изнесува околу 82 евра.
Меѓу градовите кои нудат одличен сооднос меѓу цената и квалитетот се Сарагоса во Шпанија, Вроцлав во Полска, како и Тирана, Рига и Загреб, каде ноќевањето во луксузен хотел чини околу 150 евра. На листата се најдоа и Софија, Хераклион, Талин и Санто Доминго.
Експертите советуваат дека за дополнителна заштеда е добро резервацијата да се направи непосредно пред патувањето, бидејќи цените можат да бидат и до 26 проценти пониски. Дополнително, престојот кој започнува во недела најчесто е поевтин од оној што започнува за време на викендот.
Извештајот покажува и дека јануари останува најповолен месец за патување, додека во текот на јули хотелските цени традиционално достигнуваат највисоко ниво.