Search

Граѓаните протестираат против „молителите“, жените се мачкаа со црвена боја и застанаа пред нив

На плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, како и секоја прва сабота во месецот, се одржа верскиот собир на мажи организирани од братството „Витези на безгрешното срце на Марија“.

На секој собир има се повеќе демонстранти, а на јубилејниот кој се одржа по десетти пат се случи и „Тивка миса“ на уметницата Аријана Лекиќ-Фридрих. Користејќи црвена боја и ружи предупреди на зголемиот број на случаи на фемицид како и нееднаквоста на жените.

Со настапот Лекиќ-Фридрих одржа и протест против „молителите“.

Девојките кои ни се придружија стравуваат од повторување на сценаријата од Полска и Хрватска, бидејќи веруваат дека молитвите на „молителите“ ќе продолжат уште долго, посочуваа таа.

„И од нашата страна треба да има повеќе мажи, страшно е што се повеќе расте бројот на „молители““, велат девојките.

Во еден момент тие ја земаа бојата на уметницата Аријана Лекиќ-Фридрих, мачкајќи ја по лицето и рацете со цел да го покажат својот револт.

На транспарентите што ги носеа демонстрантите пишуваше: „Молете се во својата соба!!!“, „Невиноста е застарен општествен конструкт“ и „Гледај ме во очи“.

„Какви идиоти!“, гласно воздивна еден од девојките додека гледаше во „молителите“.

Инаку групата на мажи која се собира на плоштадот се моли за чесноста на жените и за тоа дека мажот е тој кој треба да го има последниот збор во семејството.

Извор: jutarnji.hr

Фото: Goran Mehkek/Cropix

Најново

Последни колумни