По повик од студентите, граѓаните на Нови Сад вчера вечер на Плоштадот Слобода, кај споменикот на Светозар Милетиќ, запалија свеќи за жртвите на трагедијата во Кочани. Повеќе десетици граѓани во тишина оддадоа почит на настраданите.
Студентите вчера на протест пред собранието на градот развија транспарент „Седница на ден жалост“, по што оставија венец за настраданите во пожарот во кој загинаа најмалку 59 луѓе, додека повеќе од 195 се повредени.
Студентите и граѓаните на Ниш вчера вечер на Плоштадот Крал Милан стоеа во тишина 75 минути за вкупно 75 загинати во падот на надстрешницата во Нови Сад и во пожарот во неделата во Македонија. Студентите и граѓаните запалија свеќи за загинатите и оставија бели рози.