Search

Гостување на Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“во Куманово

На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети.

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.

Најново

Последни колумни