На светските берзи референтните цени повторно се зголемиле, а најголем раст е забележан кај дизелот. Во последната пресметка, референтната цена на бензините пораснала за 0,96 отсто, на дизелот за 6,77 отсто, на екстралесното масло за 5,96 отсто, а на мазутот за 4,08 отсто.
Дополнителен фактор е и курсот на денарот во однос на доларот, кој во споредуваниот период е повисок за 0,753 отсто.
Според новата одлука на РКЕ, од утре максималните цени ќе бидат:
Еуросупер БС-95 – 99 денари за литар
Еуросупер БС-98 – 101 денар за литар
Еуродизел – 104,50 денари за литар
Екстралесно масло – 114,50 денари за литар
Мазут – 50,078 денари за килограм
Во пресметката е применета намалена акциза од 4 денари за литар кај двата бензина, како и кај дизелот. За дизелот продолжува да се применува и намалена стапка на ДДВ од 10 отсто.
Токму дизелот бележи најголемо поскапување во однос на претходната одлука – 5,50 денари за литар. Екстралесното масло поскапува за 5 денари, додека мазутот е поскап за 1,835 денари за килограм.
Бензините, пак, се поевтини за 1,50 денар за литар.
РКЕ нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.