Со нивниот четврти албум во само шест години „Горилаз“ се вратија на сцената. Насловната песна „Cracker Island“ беше објавена во јуни минатата година, а вториот сингл „New Gold“ следеше во август, а потоа следуваше и објавувањето на албумот кој долго се очекуваше со примамливи гостување како тие на Стиви Никс, Бек и Бед Бани.
Темата на дигитална анксиозност се провлекува низ албумот, а е најизразена во „The Tired Influencer“. Со слична атмосфера како на албумот „Plastic Beach“ од 2010 година, ги гледаме современите нервози на фронтменот Дејмон Албарн. Како и да е, се чини дека неговите стихови остануваат цврсто вкоренети во фантастичното, со сонливи реплики како онаа на „Oil“, во која се појавува легендарниот Стиви Никс: „тогаш ги ставив моите шифри во машината / но светот што го најдов беше направен од неисправни соништа“ (then I put my codes in the machine / but the world I found was made of faulty dreams) . Анкциозноста што се прикажува преку албумот е реална, но нивниот тон го исполнува фантастичниот свет во кој постои самиот измислен бенд.
Албумот има поп чувство во него, звук кој е добро прилагоден на тешката употреба на синтисајзери и ритам на тапани со високо темпо. Сепак, иако добро се снаоѓаат во поп жанрот, последниот албум на Горилаз има помалку инструментално влијание од нивните претходни дела, кога ќе се навратиме на ударот на оркестарот на „Plastic Beach“ до рап песната „White flag“ или хипнотизирачкиот дувачки ансамбл на „Sweepstakes“. Некои песни („The Tired Influencer“ на пеимер) не поттикнаа второ слушање, додека други навистина се истакнаа. Неверојатното наследство на жанровски скокање на Горилаз и способноста да се вклучат гласовите и стиловите на пејачите од Боби Вомак до Лу Рид се чувствува малку изгубено. Онаму каде што Стиви Никс се појавува во „Oil“, се чини дека има мало влијание врз песната, а Албарн го зазема централното место.
Сепак, другите нумери се подобри, со влијанието на Тајм Импала и хип-хоп легендата Бути Браун од The Pharcyde, комбинирајќи на најдобар начин за да се направи она што е веројатно најдобрата песна на албумот, „New Gold“.
Новиот талент е забележан и на албумот како и стариот, со уште една посебна песна, „Silent Running“ во која се појавува помалку познатата уметница Аделие Омотајо. Жанровската флуидност на бендот сè уште е во игра со тоа што Бед Бани донесе регетон на песната „Tormenta“ и фолклорните гитари кои се прикажуваат на крајот од албумот.
„Cracker Island“ завршува со катарзична, но оптимистичка соработка со Бек, со стихови како „сите сме во ова заедно до крај“. Навидум бескрајната имагинација на Горилаз продолжува да се докажува и во нивната огромна и импресивна дискографија и во објавувањето на овој поп инспириран албум кој, на најдобар начин, се чини дека не се сфаќа премногу сериозно.
Со оглед на тоа што првиот албум на бендот, „Demon Days“ се приближува до својот 18-ти роденден, песните на него не остареа. На турнејата на Горилаз во 2022 година се свиреа и стари класици, но и се претставуваа новите дела. Иако „Cracker Island“ можеби не одговара на другите албуми во целост, тој секако подарува неколку неверојатни синглови кои сигурно ќе остават слично наследство.
Извор: The Independent