Google Translate слави 20 години со нова функција за изговор

Новата алатка им овозможува на корисниците да го вежбаат изговорот и да добијат повратна информација во реално време

Дваесет години по своето лансирање, Google Translate добива нова функција што им помага на корисниците да го вежбаат изговорот на странски јазици. По повод јубилејот, компанијата Google претстави опција која анализира како корисникот ги изговара зборовите и дава повратна информација за подобрување.

Новата функција се активира по превод на текст, преку менито „Practice“ и опцијата „Pronounce“, каде што корисникот добива фонетски приказ на изговорот и може гласно да го повтори. Апликацијата потоа го оценува изговорот и укажува на грешки, како нејасно изговорени гласови, со можност да се слушне правилната верзија.

Функцијата моментално е достапна во САД и Индија и поддржува англиски, шпански и хинди јазик. Начинот на работа потсетува на Duolingo, кој веќе користи сличен пристап за учење јазици преку изговор.

Покрај ова, Google неодамна воведе и превод во реално време преку слушалки на iOS уреди, а потоа ја прошири функцијата и на Android во повеќе земји, меѓу кои Германија, Франција, Јапонија и Велика Британија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни