Тоа што отсуствуваше од најавата на Google беше долго очекуваниот модел Gemini 3.5 Pro, чиj рок за објавување останува неизвесен.
Gemini 3.6 Flash, опишан од Google како „коњ работник” на новата генерациja, го заменува претходниот 3.5 Flash и нуди подобри способности за кодирање, работа со знаење и мултимодално расудување, притоа трошejки до 17 отсто помалку излезни токени, според Artificial Analysis Index. Ценовната листа е соодветно намалена, влезните токени остануваат на 1,50 долари за милион, но излезните паднаа од 9 на 7,50 долари за милион. На тестовите за кодирање, моделот покажува значително подобрување, скокајќи од 37 на 49 отсто на тестот DeepSWE.
Gemini 3.5 Flash-Lite, вториот нов модел, е наjeфикасниот досегашен модел на компаниjaта, способен да генерира до 350 токени во секунда, наменет за апликации чувствителни на доцнење, како пребарување на агенти, обработка на документи и превод. Третиот модел, Gemini 3.5 Flash Cyber, е специjaлизирана верзиja дизajнирана да открива и поправа софтверски ранливости, но ќе биде достапен само за влади и доверливи партнери преку ограничен пилот-програм, поради ризиците поврзани со неговата двоjна намена.
Она што недостасуваше од целата наjaва беше токму она за што индустриjaта наjмногу чекаше, Gemini 3.5 Pro. Google уште во маj, на настанот Google I/O, ветил дека верзиjaта Pro ќе биде достапна „следниот месец”, но моделот сепак останал во тестирање со партнери, откако, според Bloomberg, не ги достигнал внатрешните цели на компаниjaта, особено на задачи поврзани со кодирање. Продукт-лидерот Логан Килпатрик изjaви дека моделот наскоро ќе биде објавен, без да прецизира датум. Истовремено, Google откри дека веќе започнал со она што го нарекува „наjaмбициозен тренинг досега” за следната генерациja, Gemini 4.
Лансирањето доаѓа само еден ден пред обавување на кварталните финансиски резултати на Alphabet, компаниjaта-мajка на Google, во моментот кога кинеските конкуренти забрзано напредуваат, а главниот модел на компаниjaта продолжува да доцни.