Голем шумски пожар во Грција: ангажирани 10 авиони, активиран системот за итни предупредувања

Голем шумски пожар во Грција: ангажирани 10 авиони, активиран системот за итни предупредувања

Голем шумски пожар избувна денеска во земјоделско-шумско подрачје во областа Скилунтија, во грчкиот регион Илија. Во гасењето се вклучени 45 пожарникари и 10 авиони, јавува „Катимерини“.

Пожарот избувнал во попладневните часови, по што оперативниот центар на противпожарната служба бил информиран за инцидентот. Веднаш биле мобилизирани бројни пожарникарски екипи, доброволци и 16 противпожарни возила. За гасење од воздух првично биле ангажирани шест летала, но поради потребата од дополнителни сили во текот на интервенцијата биле вклучени уште четири авиони, со што бројот на летала достигнал десет.

Набргу по избувнувањето на пожарот бил активиран и системот за итни предупредувања 112. Преку системот, локалното население било предупредено да биде во состојба на готовност и да ги следи упатствата на надлежните служби. Пожарникарските екипи продолжуваат со интервенцијата, а воздушните сили се користат за да се спречи ширењето на огнот во околните шумски и земјоделски површини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс