Голем пожар над Јабланица во БиХ, на терен и армиски хеликоптер

Голем пожар втор ден беснее на локалитетот Писвир, над Јабланица. На терен се пожарникари, а во гаснењето е вклучен и хеликоптер на Вооружените сили на БиХ.
Foto: Jablanica.live

Голем пожар, кој избувна вчера, 29 мај, на подрачјето на Писвир над Јабланица, и понатаму се шири. Огнената линија во текот на ноќта и утрото се спуштила кон подрачјето на Слатина, поради што екипите се распоредени на повеќе локации за да спречат натамошно ширење на огнот.

На терен се пожарникарски екипи, а во акцијата е вклучен и хеликоптер на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, кој дејствува на најнепристапните делови од пожариштето. Пожарникарите, пак, продолжуваат со гаснење на пониските делови од зафатениот терен.

Според досегашните информации, нема загрозени станбени објекти, но непристапниот терен, големата површина зафатена од огнот и повеќето активни линии на пожарот ја прават интервенцијата исклучително тешка.

Пожарот над Јабланица трае втор ден, а службите остануваат на терен додека трае борбата со огнената стихија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс