Глобалниот велнес туризам надмина вредност од над билион долари

Предвидувањата се дека тој ќе вреди околу 1,35 билјони долари до 2028 година, според податоците од веб-страницата Statista

Глобалната индустрија на велнес туризмот продолжува да расте со многу брзо темпо. Предвидувањата се дека тој ќе вреди околу 1,35 билјони долари до 2028 година, според податоците од веб-страницата Statista.

Тоа е зголемување од повеќе од 100 проценти во однос на големината на пазарот во 2022 година. Тогаш глобалниот велнес туризам изнесуваше нешто повеќе од 637 милијарди долари. Во суштина, глобалниот велнес туризам сега е четвртиот најголем сегмент во целокупната велнес индустрија. Пред него се личната нега/убавина, исхраната/губење на тежина и физичките активности.


Сè поголем број на патници сакаат да откријат уникатни велнес одмаралишта и се подготвени да трошат во согласност со тоа. Институтот за патувања (Travel Institute) известува дека некои патници сакаат да ги вклучат своите веќе установени велнес навики во своите планови за патувања. Други сакаат повторно да се фокусираат на своето здравје.

Од опции засновани на природата до персонализирани и наменски програми. Од целосна детоксикација на телото и дигитални детокси, до кулнарски искуства од фарма до трпеза, до програми за релаксација и подобро спиење.

Велнес патувањата станаа популарни не само меѓу индивидуалните патници, туку и меѓу корпоративни групи кои сакаат да вклучат велнес елементи во собирите на вработените или програмите за одмор за раководителите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни