Ѓорческа не го мина првото коло на Вимблдон, загуби од Анисимова

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска, го заврши својот дебитантски настап на главната фаза од турнирот Вимблдон.

Во меч од околу еден час, Ѓорческа загуби со 2:0 од фаворизираната американска тенисерка Аманда Анисимова.

Првиот сет Анисимова го освои со резултат 6:3 додека во вториот сет, освои пет гемови по ред и победи со 6:2.

И покрај тоа што жрепката не беше наклонета, па Лина играше со ланската финалистка уште во првото коло, сепак успехот на Ѓорческа е историски за македонскиот тенис и спорт воопшто.

За првпат Македонија имаше свој тениски претставник на најпознатиот, најголемиот и најбогатиот тениски турнир во светот, но и надеж дека ваков успех може да се повтори на некој од следните Гренд слем турнири.

е-Трн да боцка во твојот инбокс