Ѓорческа и Ивановски напреднаа на тениските ранг листи

Најдобриот пласман на ВТА листата на Лина Ѓорческа останува 170. место на кое беше рангирана во 2017 година.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа се наоѓа на 208. место со 367 бодови.

Тоа е напредок од 14 позиции во однос на претходното рангирање, а напредокот најмногу се должи на нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон.

Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од шестата носителка Аманда Анисимова.

Најдобриот пласман на ВТА листата на Ѓорческа останува 170. место на кое беше рангирана во 2017 година.

Освен Ѓорчевска, напредок но на АТП има и македонскиот тенисер Калин Ивановски кој со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс