Ѓоковиќ испиша историја на Ролан Гарос: Го урна рекордот на Федерер

Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд на Ролан Гарос со 82 настапи на Грен слем турнирите, надминувајќи го Роџер Федерер. Српскиот тенисер по пресврт се пласираше во второто коло.

Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Ролан Гарос и притоа испиша нова страница во тениската историја. Српскиот тенисер, кој моментално е четврти на АТП-листата, по голем пресврт го совлада францускиот тенисер Џовани Мпетши Перикар со 3:1 во сетови и обезбеди пласман во второто коло на вториот Грен слем турнир сезонава.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 5:7, но потоа возврати и ги доби следните три со 7:5, 6:1 и 6:4, по нешто помалку од три часа игра. Со овој настап, Ѓоковиќ стигна до својот 82. настап на Грен слем турнирите, со што го надмина рекордот што досега го делеше со Роџер Федерер.

За српскиот ас, кој пред два дена го прослави својот 39. роденден, ова е и 22. последователен настап на Ролан Гарос. Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против уште еден француски тенисер – Валентин Роаје, кој се наоѓа на 73. место на АТП-листата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс