ФЗО ќе ги „чешла“ боледувањата над 30 дена и лекувањата во странство

Фондот за здравствено осигурување исплатил 500 милиони денари (над 8 милиони евра) за лекувања во странство

Фондот за здравство темелно ќе ги проверува лекувањата во странство, ќе се посвети на зголемена контрола на боледувањата во земјава, како и големиот одлив на пари за ортопедски помагала.

Ова се трите точки што денеска ги најави новиот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Златко Перински.

Меѓу податоците кои ги кажа Перински се дека Фондот исплатил 500 милиони денари (над 8 милиони евра) за лекувања во странство.

На 23 јули, на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“ во Владата, која ја организираа Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со подршка на Светската здравствена организација (СЗО), министерот за здравство Сашо Клековски рече дека податоците од „Мој термин“ покажуваат оти во 2025 има 33 отсто зголемување на боледувањата до 30 дена споредено со 2021. Тој потсети дека 2021 беше година на ковид-19, кога имаше значителен број боледувања. Денес има дополнително зголемување од 33 отсто, односно повеќе од 300.000 боледувања во текот на 2025, рече тој.

Предлозите за промени  од работилницата се испратени до лекарските комисии на Фондот во сите подрачни служби, Лекарската комора на Македонија, Здружението на приватни лекари и Здружението на приватни гинеколози.

„Целта е да се озвозможи системот на боледувања да биде поедноставен, побрз, потранспарентен и поотпорен на злоупотреби, истовремено обезбедувајќи соодветна заштита на работниците кои навистина имаат потреба од привремена спреченост за работа“, рече Перински.

е-Трн да боцка во твојот инбокс