Цената на фстаците познати како „зеленото злато“ нагло порасна и достигна највисоко ниво во последните осум години, како директна последица на војната во Иран и нарушените глобални синџири на снабдување.
Иако побарувачката расте, особено поради трендови како популарната „Dubai“ чоколада, пазарот се соочува со парадокс: огромни количини пистаќи стојат во складишта, но не можат да стигнат до купувачите.
Пазар со блокиран извоз
Иран е втор најголем производител на фстацит во светот, што значи дека секое нарушување таму има директен глобален ефект. Во моментов, извозот е речиси целосно запрен поради конфликтот и дополнителните логистички проблеми.
Ситуацијата дополнително се комплицира со речиси целосниот прекин на интернетот во земјата, што ја отежнува комуникацијата меѓу добавувачите и меѓународните партнери. Компанијата „Borna Foods“, која снабдува некои од водечките британски трговци, дури не може ни да стапи во контакт со своите добавувачи, што ја парализира трговијата.
Раст на цените и нестабилен пазар
Според изјави за Bloomberg, пазарот на фстацит во моментов е крајно непредвидлив.
„Флуктуациите на цените се екстремни и многу е тешко да се предвиди движењето на пазарот“, изјави директорот на „Borna Foods“, Бехнам Хејдарипур. Проблемот не е само во понудата, побарувачката исто така расте. Трендовите во прехранбената индустрија, особено производите со висока додадена вредност, дополнително го зголемуваат притисокот врз цените.
„Dubai чоколадата“ како неочекуван фактор
Еден од неочекуваните двигатели на побарувачката е и популарноста на таканаречената „Dubai чоколада“ – производ кој во последно време е хит на социјалните мрежи и пазарите, а чија клучна состојка се токму фстаците.
Овој тренд покажува колку глобалните потрошувачки навики можат да влијаат врз цените на суровините, особено кога тие се веќе под притисок од геополитички фактори. Комбинацијата од: воен конфликт, прекин на извозот, технолошки ограничувања (интернет) и и зголемена побарувачка создава „совршена бура“ за раст на цените.
Иако во Иран има доволно залихи, нивната недостапност на глобалниот пазар значи дека потрошувачите плаќаат повеќе.
Што значи ова за потрошувачите?
Во краток рок: фстаците ќе останат скапи, производите што ги содржат (чоколади, десерти) ќе поскапуваат
Во долг рок: цените ќе зависат од развојот на конфликтот, како и од тоа дали ќе се нормализира извозот од Иран
Пазарот на фстаци покажува колку глобалната економија е чувствителна на геополитички шокови. Дури и производ што изгледа како „луксузен детал“ може да стане индикатор за пошироки економски и политички турбуленции. Во моментов, „зеленото злато“ не е само тренд туку и пример како војната, технологијата и потрошувачката култура директно се судираат на глобалниот пазар.