Франција ја погоди најголемиот топлотен бран во мај во повеќе од 100 години

Франција се соочува со најраниот топлотен бран во повеќе од еден век. Во делови од земјата температурите се и до 15 степени над просекот, а издадени се жолти и портокалови метео-предупредувања.

Франција е погодена од најраниот топлотен бран во повеќе од еден век, со температури кои достигнуваат и до 15 степени над просекот за овој период од годината, соопшти француската метеоролошка служба Météo-France. Според француските медиуми, департманот Финистер за првпат од воспоставувањето на системот за предупредување во 2004 година е ставен под жолт степен на тревога поради високи температури уште во текот на мај.

Предупредувањето во меѓувреме е проширено на 18 департмани во западниот дел на Франција и регионот на Париз, додека осум департмани денеска се под портокалов метео-аларм поради екстремните горештини.

Температурите далеку над сезонскиот просек

Според критериумите на Météo-France, топлотен бран се прогласува кога просечната температура на национално ниво три дена по ред изнесува најмалку 23,4 степени Целзиусови, при што барем еден ден температурите достигнуваат 25,3 степени или повеќе. Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни временски услови, кои се појавуваат сè порано во годината, се дополнителен сигнал за климатските промени и зачестените екстремни временски појави во Европа.

Француските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат долготрајно изложување на сонце, да внесуваат повеќе течности и да внимаваат на најранливите категории – постарите лица, децата и хронично болните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс