Франција тврди дека има резерви од маски за најмалку три месеци во случај на епидемија

Француските власти соопштија дека земјата располага со доволни резерви на заштитни медицински маски за најмалку три месеци во случај на евентуален епидемиски бран на хантавирус, додека здравствените служби продолжуваат внимателно да ја следат состојбата со новите случаи во Европа. 

Од кабинетот на францускиот премиер соопштија дека во моментов нема глобална епидемија на хантавирус, а во Франција досега е потврден само еден случај на инфекција. Во исто време, 22 лица кои биле во контакт со потенцијално заразени се ставени во карантин како превентивна мерка. 

Француските власти нагласуваат дека идентификуваниот сој на хантавирус е значително помалку заразен од коронавирусот, но сепак ситуацијата се следи со зголемено внимание поради стравувањата од можноста за ширење на инфекцијата меѓу патниците поврзани со крузерот „MV Hondius“. 

Според проценките на француските институции, домашните производствени капацитети можат да обезбедат меѓу 2,6 и 3,5 милијарди маски годишно, што, според властите, би било доволно и за поголема здравствена криза слична на пандемијата со Ковид-19. 

Францускиот министер за транспорт Филип Табаро изјави дека засега нема потреба од ограничувања за патување или повторно воведување задолжително носење маски, додавајќи дека граѓаните можат слободно да патуваат. 

Во меѓувреме, Светската здравствена организација предупреди дека е можно да се појават дополнителни случаи на хантавирус во повеќе држави, особено поради движењето на патници кои биле во контакт со заразени лица. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс